Општинските служби, задолжени за косење на тревата и тревните површини, денеска беа на терен и косеа во урбаните заедници Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2. Во полн капацитет, тие ја косеа нараснатата трева во сеопфатната пролетна акција која се одвива во сите урбани и месни заедници на територијата на Општина Карпош, по претходно утврден план и динамика на работење.

 Освен косењето, нашите служби за одржување на чистотата и хигиената, секојдневно ги метат и чистат сервисните улици кои се под надлежност на општината, а исто така расчистуваат и мини диви депонии од градежен шут, смет и отпад.

Општина Карпош, постојано апелира до граѓаните да се однесуваат совесно во одржување на нашата заедничка животна средина, како наш заеднички урбан простор на живеење.