ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕТСКИТЕ КАТЧИЊА НИЗ КАРПОШ
- септември 9, 2026
- 0
Со замена на седиштата на лулашките и клацкалките финишираше реновирањето на урбаните реквизити на детското игралиште „Млечен“, и започна петтата фаза од реконструирањето и ревитализирањето на останатите игралишта на територијата на Општина Карпош.
Во наредниот период, ќе биде извршена поправка на детските игралишта во населбата „Жданец“, на ул. „Букурешка“ во Тафталиџе 1, како и на детското игралиште помеѓу зградите на бул, „Партизански одреди 197 и 109 во у.з Тафталиџе 1.
Нов елемент ќе се постави со две лулашки со метална конструкција и репарирање на постоечки реквизит (скала) за детското игралиште помеѓу ул. „Соле Стојчев “и „Желево“ во населбата Карпош 4.









