Лицата задолжени за одржување на хигиената во општината, утринава продолжија со акцијата за косење на јавното зеленило на територија на локалната самоуправа. Денеска, повеќе од 30 работници ги косеа зелените површини во населбите Злокуќани и Криви дол.

Во насока на одржување на чистотата и здравата животна околина,  општинските служби ќе продолжат со истата динамика за средување на зелените површини  и низ другите населени места ширум Карпош.