Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Карпош 4 и Владо Тасевски (Млечен). Полицискиот час се користи и да се исчистат улиците и паркинзите, кои во нормални услови се пофреквентни и чистењето се одвива побавно.

 

Исто така, утринава се уредуваа и тревните површини во Влае, во близина на фудбалското игралиште.

 

Градоначалникот Стефан Богоев, со претставници од Општинскиот кризен штаб беа во обиколка низ Карпош. Заеднички заклучок е дека карпошани го почитуваат полицискиот час и се придржуваат до мерките.