ПРИЈАВИ СЕ ЗА НЕГУВАТЕЛ НА СТАРИ ЛИЦА ВО КАРПОШ
- февруари 12, 2021
- 0
Објавен е јавниот конкурс за избор на негуватели за помош и нега на стари лица и граѓани со попреченост во Карпош. Станува збор за проектот на Општина Карпош и Црвен крст на Град Скопје, кој се однесува на помош и поддршка на изнемоштени лица во нивните домови. Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.
Негувателите на дневно ниво ќе работат со старите лица и лицата со попреченост. Тие ќе им бидат психосоцијална поддршка, ќе им набавуваат потребни намирници и ќе вршат други неопходни работи.
Предност за вработување се дава на лицата кои живеат во Општина Карпош, лица кои ја изгубиле работата во текот на пандемијата, се невработени или се лица од ранлива категорија на граѓани.
За потребните услови, информирајте се на следниот линк: https://bit.ly/3qeOEsY
Дополнителни информации можат да се добијат на skopje.negacentar@redcross.org.mk и тел: 070 – 352 – 246.
Општина Карпош продолжува со контиуираната грижа за постарите лица. Во партнерство со Црвениот крст, но и со други организации, градиме заедница која одговара на потребите на сите граѓани.