Општина Карпош ги потсетува своите сограѓани дека, покрај двонасочните канали  кои активно се користат за комуникација, (официјалните Facebook профили на Општината и Градоначалникот), карпошани можат да пријават проблем и преку електронската платформа „Е-Општина – Пријави проблем“, која функционира во рамки на општинската веб страна www.karpos.gov.mk.

 

На овој начин, системот овозможува во секое време од денот, (седум дена во неделата), да се прибираат пријави за комунални проблеми, кои понатаму општинските служби ќе се обидат да ги решат во најкраток рок, или ќе ги информираат граѓаните во која фаза на решавање е конкретниот проблем.

 

Во рамки на апликацијата, потребно е да ја посочите вашата e-mail адреса, да ја наведете точната адреса каде што сте го лоцирале проблемот и да опишете за каков вид на проблем се работи.

 

Во таа насока, граѓаните можат да пријават дефект на улично осветлување, оштетување на инфраструктурата, објекти кои се склони на рушење, оштетување на урбана опрема, почеток на изградба на нов објект, доградба или надградба на постоечки објект, проблеми од областа на животната средина, (загадување на почвата, водата и воздухот), прекумерна бучава, несовесно одлагање на комунален и друг вид на отпад, како и уништување и узурпација на јавно зеленило.

 

Инаку, овој проект функционира од 2009 година и е поддржан од УСАИД, – Проект за локална самоуправа. Во прилог ви го доставуваме и директниот линк на кој можете да ја пополните вашата пријава: http://pp.e-uslugi.mk/kp/prijavi.php