ПРИКЛУЧИ СЕ ВО САБОТНАТА АКЦИЈА ЗА ПОЧИСТ КАРПОШ
- септември 13, 2018
- 0
Во пресрет на Светскиот ден на чистење, (15. септември), Општина Карпош в сабота со почеток во 09.00 часот, организира голема акција за чистење на територијата на локалната самоуправа. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ги повика сите граѓани, организации, општествено одговорни компании и институции да се приклучат кон саботната еко-акција.
– Станува збор за глобална иницијатива во која се приклучија повеќе од 150 земји. Општината и тековно се грижи за одржување на јавната хигиена, но целта на оваа акција е да се подигне јавната свест на повисоко ниво, рече Богоев.
До овој момент, освен вработените во општинската администрација, во акцијата се приклучија компании, образовна установа и регулаторно тело. Станува збор за: „Тојота – Македонија“, Symphony Solutions, училиштето „Јахја Кемал“, „Арчелор Митал“ и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Сите заинтересирани граѓани и компании можат да се приклучат на следниве девет пункта:
– Карпош 1 и Карпош 2 (собирно место кај Полициска станица – Карпош, ул. „Иван Аговски“);
– Карпош 3 и Карпош 4 (позади Skopje City Mall на ул. „Манапо“);
– Влае 2 (кај спортските игралишта – до мостот Обединети нации);
– Нерези (кај автобуската постојка на послецна 57 – ца);
– Тафталиџе 2 (кај основното училиште „Братство“, ул. „Московска“ б.б.);
– Тафталиџе 1 (кај основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул. „Варшавска“ бр.23);
– Козле (кај основното училиште „Владо Тасевски“, ул. „Миле Поп Јорданов“ бр.74);
– Платото на Млечен (кај Ли кафе);
– Кеј на Вардар (на патеката под х.Александар Палас).
Со оваа еко – акција, Општина Карпош дава конкретен придонес во заштитата на животната средина, а заедничка обврска на сите карпошани е подеднакво да се грижат за подигнување на квалитетот на живеење во локалната заедница.