ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: ДЕВЕТ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ СО НОВИ ФАСАДИ
- април 11, 2016
- 0
Вкупната инвестиција за двата објекта ќе изнесува 4.800.000 денари и истата ќе биде покриена од буџетот од Општина Карпош. Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите, додаде дека и покрај многубројните паркинг простори, станарите ќе имаат можност за бесплатно паркирање во близина.
-Станарите на Љубљанска 1 ќе добијат бесплатен паркинг простор во Т.Ц. Скопје Сити Мол и нема да имаат никаков проблем при паркирањето за своите возила. Исто така, сакам да ги замолам граѓаните со заеднички сили со локалната самоуправа, да ја реконстурираме и покривната конструкција, со тоа што локалната самоуправа ќе издвои средства за лимот, парната брана и изолацијата, а пак граѓаните ќе треба да ги покријат трошоците за работната рака – рече Јакимовски и дополни дека соработката со „Хабитат Македонија“ е од големо значење, бидејќи тие се подготвени да го одобрат повеќегодишниот кредит, со што почнатите згради и најавените девет кои дополнително ќе се работат, целосно ќе бидат реконстурирани.
Рокот на изведба на двата објекта е 21 ден и се планира до октомври оваа година предвидените 11 згради да бидат целосно реконструирани.