Во врска со објавен Јавен повик за  доделување финансиска поддршка за поправкa и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош

Согласно законската регулатива од аспект на безбедност, здравје при работа и заштита на животната средина на сите апликанти кои ќе користат субвенции од Општина Карпош, да ги почитуваат следните препораки во врска со замената на отпадни покривни табли кои содржат азбест (опасен отпад):

 

1.ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА: По демонтажа на стари покривни табли кои содржат азбест (салонитки) потребно е да се ангажира правен субјект кој има лиценца издадена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за транспорт на овој вид на опасен отпад до ЈП Депонија Дрисла. Правни субјекти за кои МЖСПП има издадено дозволи за транспорт на опасен отпад се објавени на следниот линк од официјалната веб страница на МЖСПП.

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/11/Registar-%D0%A2%D0%A0%D0%90%D0%9D%D0%A1%D0%9F%D0%9E%D0%A0%D0%A2-%D0%9E%D0%9F%D0%90%D0%A1%D0%95%D0%9D-%D0%9E%D0%A2%D0%9F%D0%90%D0%94_032021.pdf

Овие субјекти постапуваат согласно одредбите од Правилник HYPERLINK “http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Pravilnik za nacinot za postapuvanje so otpad od azbest i otpad od proizvodi koi sodrzat azbest.pdf” HYPERLINK “http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Pravilnik za nacinot za postapuvanje so otpad od azbest i otpad od proizvodi koi sodrzat azbest.pdf” HYPERLINK “http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Pravilnik za nacinot za postapuvanje so otpad od azbest i otpad od proizvodi koi sodrzat azbest.pdf”от за начинот на постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест („Службен весник на Република Македонија “ бр. 89/06 од 11.08.2006 год.). Линк до правилникот

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Pravilnik%20za%20na HYPERLINK “https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Pravilnik za nacinot za postapuvanje so otpad od azbest i otpad od proizvodi koi sodrzat azbest.pdf” HYPERLINK “https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Pravilnik za nacinot za postapuvanje so otpad od azbest i otpad od proizvodi koi sodrzat azbest.pdf” HYPERLINK “https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Pravilnik za nacinot za postapuvanje so otpad od azbest i otpad od proizvodi koi sodrzat azbest.pdf”cinot%20za%20postapuvanje%20so%20otpad%20od%20azbest%20i%20otpad%20od%20proizvodi%20koi%20sodrzat%20azbest.pdf

За транспортот на опасен отпад до Депонија Дрисла правните субјекти кои имаат добиено дозволи наплаќаат соодветен надомест.

Целиот опасен отпад се транспортира единствено во ЈП Депонија Дрисла, Скопје www.drisla.mk (за доставениот опасен отпад за негово финално складирање, ЈП наплаќа надомест утврден согласно претходно донесен ценовник).

СИТЕ КОРИСНИЦИ КОИ ЌЕ БИДАТ СУБВЕНЦИОНИРАНИ ОД СТРАНА НА ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НАДЛЕЖНАТА КОМИСИЈА ПРИ ОПШТИНА КАРПОШ ЗАРАДИ СЛЕДЕЊЕ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ ДО ФИНАЛНА ДЕПОНИРАЊЕ НА ОПАСНИОТ ОТПАД ДО ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА.

Контакт со Државен Иснепкторат за животна средина надлежен за инспекциски надзор за опасен отпад

http://www.sei.gov.mk/projects_page_mk.asp?ID=8

 

2.БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. За демонтажа на покривни површини, односно на табли кои содржат азбест (опасен отпад), правните субјекти кои ќе бидат ангажирани од страна на барателите на средства, треба да поседуваат соодветна лиценца издадена од страна на Министерството за Труд и Социјална Политика.

Контакт со Државен Инспекторат за Труд https://dit.gov.mk/