Прекопи на шест улици за изведување на подземни инсталации
- ноември 17, 2021
- 0
Комисијата за следење на состојбите на извршување на работите за поставување на подземни инсталации на Општина Карпош ги известува жителите на Карпош дека по барање на инвеститорите ЕВН – Македонија и Дистрибуција на топлинска енергија „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, на ден 16.11.2021 година издадени се записници во кои е констатирано дека треба да се извршат прекопи на шест улици.
Издадените записници за ЕВН се однесуваат на улиците: “Лесновска “ бр.13 , “Бањалучка“ бр.20, “Влае“ бр.43, улица “12“ н.м. Бардовци и “Миле Поп Јорданов“ , а за БЕГ на ул.“Букурешка“ бр.49 и ул.“Букурешка“ бр.83.
По завршување на сите градежни работи општинската комисија ќе изврши повторен увид со цел да утврди дали квалитетно се завршени работите и дали подлогата е вратена во првобитна состојба.
Записниците може да ги погледнете на овој линк: https://bit.ly/3cq2xPu