Почитувани,
По примено известување од Регулаторната комисија за домување, општина Карпош апелира за претпазливост до жителите од општината при склучување Договори за вршење на управувачки услуги.
Од Регулаторната комисија предупредуваат дека извесен правен субјект ГРЕЕН КЛЕАН УПРАВУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје без соодветна дозвола нуди услуги на граѓаните во врска со управување со станбени објекти.
Фирмата ГРЕЕН КЛЕАН ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.24/лок.2 при нудењето на услуги на граѓаните прикажувала фалсификувана лиценца, која не е заверена во регистерот на Регулаторната комисија за домување.
Со почит