ПРЕВЕНТИВНО – ВО ПРЕСРЕТ НА „АНДРЕА“
- мај 13, 2019
- 0
Во пресрет на бурата „Андреа“ која се очекува да го зафати и скопскиот регион, Општина Карпош презема активности за да се спречат поголеми материјални штети.
Од страна на стручни служби и експерти добиена е насока во претстојните неколку денови да не се коси тревата, со цел да се апсорбира поголемо количество на вода во почвата. Исто така, апелираме до граѓаните, колку што е можно повеќе да избегнуваат паркирање на своите возила под дрвореди со цел да бидат избегнати оштетувања.
Општина Карпош во изминатиот период ги чистеше каналите за наводнување во Бардовци и Нерези. Исто така, се чистеа и дел од сливниците, внатрешно по населбите, а се поставија и одводни решетки на ул . „Ловќенска“ и „Козле 3“. Ова е , исто така, една од превентивните мерки кои локалната самоуправа благовремено ги презеде.
Ги известуваме сите граѓани, во случај на поголеми проблеми, доколку настанат материјални штети и слично, да пријавуваат на отворената телефонска линија 193.
Комуналните служби на Карпош ќе бидат постојано мобилни и подготвени за да интервенираат на покритичните места, со соодветна опрема и механизација.
Дополнително, Општина Карпош упати мерки кои треба да ги преземат и основните училишта и градинките на наша територија, со цел да се спречат поголеми штети на објектите.