ПО УЛ. „ПРАШКА“ ЌЕ СЕ ВОЗИ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ
- мај 3, 2019
- 0
Во најскоро време стартува нов, еднонасочен режим на сообраќај за улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1, којшто ќе биде воспоставен со нова хоризонтална и вертикална сигнализација.
За таа намена веќе се поставуваат нови 56 сообраќајни знаци, како и нови забавувачи на сообраќај, со цел да се зголеми безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот.
Исто така, на овој потег се воведува и ЗОНА 30, со што се ограничува брзината на движење на сите возила.
Со новиот сообраќаен режим, од улицата „Лондонска“ се вози во една насока спрема „Прашка“, а возможен е приклучок само ôд , и кон улицата „Дамаска“.
На овој начин ќе се намали сообраќајниот метеж во Тафталиџе 1, а најважно е што ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Новиот сообраќаен режим беше усвоен на 22 – та седница на Советот на Општина Карпош, на која воедно беше прифатена донацијата на Меѓународното училиште „НОВА“ од новите сообраќајни знаци.
Неодамна започна да функционира и новиот сообраќаен режим за Карпош 4, делот околу Сити Мол, со цел да се ублажи метежот и да се зголеми безбедноста околу овој дел од општината.