БОГОЕВ НА ONLINE СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА БРНС

 

Потребата од нов начин на финансирање на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), не е прашање поттикнато од корона кризата туку предизвик кој постои подолго време. Најголемите приходи за општините пристигнуваат од таксата за уредување на градежно земјиште (т.н. комуналии), што повеќе не треба да биде практика.

 

  • Само со системски промени можеме да обезбедиме похумано живеење, но и вистинска, трајна заштита на јавниот простор. Нашата земја треба да премине кон втората фаза на фискална децентрализација, со нови начини на финансирање за сите општини, посочи градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев на online средбата со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Брнс и градоначалници од други општини.

 

Богоев се осврна и на се она што општината го правеше во изминатиот период за намалување на последиците од Ковид – 19, како на пример воведувањето на е – наставата во основното образование. Тоа е позитивен пример и треба да се најдат механизми како овој тип на учење да продолжи да „живее“ и во рамки на редовната настава, посочи градоначаникот.

 

Целта на оваа online средба беше да се мапиираат клучните проблеми на општините во време на пандемијата од Ковид – 19, за да се изнајдат начини за нивно надминување.

 

Амбасадорката Брнс посочи дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат со интензивната поддршка за локалните самоуправи во повеќе области од нивното функционирање.