ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМОТ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ДВЕ ГРАДИНКИ И ДВЕ УЧИЛИШТА СО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,МОНТЕСОРИ”
- септември 20, 2023
- 0
Двете јавни установи, градинките ,,Орце Николов” и ,,Распеана младост’’, заедно со двете основни училишта ,,Вера Циривири Трена” и ,,Христијан Тодоровски Карпош’’, потпишаа Меморандум за соработка со македонското Монтесори здружение. На денешната работна средба, Здружението Монтесори потпиша два поединечни меморандуми за соработка, и тоа, градинката ,,Орце Николов” и ООУ ,,Вера Циривири Трена’’ за взаемна поддршка во образовниот процес на децата, како и градинката ,,Распеана младост“ и ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош” за заедничка соработка и полесно привикнување на децата од градинките во училишните клупи.
Целта на Меморандум, е да се овозможи и поттикне соработката на страните потписнички, односно да се воспостават основите и рамка за меѓусебна соработка во спроведувањето на заеднички активности за подобрување на квалитет на образовниот систем на децата, во просецот на транзиција помеѓу овие два степени на образование.
Како дел од содржината на работните обврски и активности наредните неколку месеци се работилниците каде што децата ќе се запознаат со училиштето и предучилишната установа, запознавање со воспитно-образовната програма согласно со стандардите на рано учење, запознавање со инклузивното образование, посета и прошетка во училиштето, заедничка работилница помеѓу децата од градинките и училиштата и многу други.
Минатата година, Здружението Монтесори, со сегашните потписници спроведоа пилот програма, во која се воочи дека истата вроди со резултат, и ова е поттик за останатите образовни установи да се приклучат кон истото. Овој проект започна да се спроведува од септември и ќе трае се до мај 2024 година, каде што децата и учениците ќе имаат можност да се запознаат со одредени сфери и нивоа во животниот пат, преку заеднички работилници со родителите и самостојни, во градинките и училиштата.