ПОСЕТА НА ПОЛУМАТУРАНТИТЕ ОД ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“
- мај 22, 2026
- 0
Деветооделенците од ООУ „Владо Тасевски“, денеска ја посетија Општина Карпош и одржаа едукативна средба со заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски и со претставници на општинската администрација и Советот на Општина Карпош. Во рамки на изборниот предмет ,,Истражување на родниот крај”, на тема ,,соработка со општината”, учениците поставуваа прашања кон надлежните и се интересираа како функционира локалната самоуправа.
Основците преку своите прашања јасно ги презентираа интересите на најмладите: уредени спортски терени и места за рекреација и дружба, урбани скверови, културни настани на отворено и чиста животна средина.
Во оваа пригода раководството на Општина Карпош им вети на учениците дека ќе работи напорно на создавање на услови, во кои младите карпошани ќе имаат свој простор и можност за урбано делување, дебатирање и надградување на сопствените образовни капацитети.









