ПОЛУМАТУРАНТИТЕ ОД 1976/77 ОД ОУ „БРАТСТВО” НА ГОСТИ КАЈ ЈАКИМОВСКИ
- февруари 20, 2017
- 0
На 27 јануари во просториите на старата зграда на ОУ „Братство” во населбата Нерези во која сега работи меѓународното училиште QSI, на свечен начин се одбележа 40 годишнината од полуматурата на генерацијата 1976/77 година.
Четириесетина присутни поранешни ученици и десетина нивни поранешни наставници повторно се сретнаа после 40 години и се потсетија на незаборавните мигови од своето детство и ги обновија подзаборавените пријателства.
Се работи за мошне ретка иницијатива, поточно за одбележување на годишнина од полуматура, која во целост ја поддржа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во знак на благодарност, делегација од „полуматурантите” составена од тогашни ученици и наставници го посетија првиот човек на Општината. Во срдечниот разговор беше истакната важноста за негување на овие јубилеи, кои се однесуваат на основното образование кои често пати неправедно се потценуваат. Притоа, градоначалникот Јакимовски изрази подготвеност за понатамошна соработка и поддршка на слични иницијативи.