ПОЛИЦИСКО – ГРАЃАНСКИ ПАТРОЛИ ВО КАРПОШ
- мај 23, 2018
- 0
Со цел, да се зголеми јавниот ред и мир, како и да се превенираат имотни и други деликти, претставници од ПС Карпош и од СВР Скопје, заедно со локалната самоуправа, и граѓаните од урбаните заедници во Карпош, организираат т.н „полициско-граѓански“ патроли.
На ваквите координирани активности и средби, првично следат едукативно- консултативни состаноци за превенција од имотни деликти, забелешки од граѓаните за „ризичните места“: неосветлени катчиња, необезбедени игралишта, места каде што се организираат мото трки и сл.
После тоа, претставниците од полицијата заедно со граѓаните одат во обиколка на критичните или потенцијално критичните места, каде што може да има нарушување на јавниот ред и мир. До сега на територијата на Општина Карпош, вакви средби и патроли се направени во: Карпош 1,2,3 и 4, како и во Тафталиџе 1.
Од понеделник, средбите и граѓанските патроли ќе продолжат во урбаните заедници: Тафталиџе 2 (28.05) , Влае 1 (31.05) и Влае 2 (05.06), Нерези (08.06), Владо Тасевски (12.06) , Кузман Јосифовски- Питу и Пецо Божиновски – Кочо (19.06), Злокуќани (22.06) и месната заедница Бардовци (26.06). Средбите на полицијата со граѓаните ќе бидат одржувани во 19:00 часот.