(ПОКАНА) ТРИЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- декември 26, 2019
- 0
Денеска, 26.12.2019 година ( четврток) , со почеток од 11:00 часот во просториите на урбаната заедница „ Кузман Јосифовски- Питу“ ( ул. Стрезово 7, веднаш до средното училиште „ Лазар Танев“), ќе се одржи триесет и третата седница на Советот на Општина Карпош. На истата, членовите на Советот ќе дискутираат по следниве предлог- точки:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записникот од триесет и втората седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Програма за урбанистичко планирање за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетската ефикасност за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на развојот на општината за 2020 година,
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2020 година,
- Предлог-Програма за изградба, редовно и инвестиционо одржување и зимско оддржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите во областа на заштита и спасување на граѓани и материјални добра за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на информатичката технологија за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на месна самоуправа за 2020 година,
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2020 година,
- Предлог-Програма за одбележување на 44 годишнината на Општина Карпош,
- Предлог-Програмата за активностите на Општина Карпош на Одделението за односи со јавност за 2020 година
- Предлог-Буџет на Општина Карпош за 2020 година,
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2020 година,
- Предлог-Одлука за вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2020 година,
- Предлог-Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2020 година,
- Предлог-Буџетски календар за 2020 година,
- Предлог-Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за Јавните установи општински детски градинки на подрачјето на Општина Карпош за 2020 година,
- Предлог-Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за 2020 година,
- Предлог-Одлука за прифаќање на трајно користење без надомест на недвижни ствари од Влада на Република Северна Македонија
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на заслужен граѓанин
- Предлог-Одлука за престанок и пренос на правата на сопственост