ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ
- декември 4, 2020
- 0
Денеска, (петок, 04.12.2020), со почеток од 11 и 12 часот, ќе се одржат две седници, 49-та и 50-та, на Советот на Општина Карпош. Седниците и денеска како и изминатиот период, ќе се спроведат на платформата ZООM. Подолу следи Дневниот ред по кој ќе се реализираат седниците:
Дневен ред за 49-та седница:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај од Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Карпош со Предлог за утврдување престанок на функцијата Претседател на Советот на Општина Карпош и предлог за утврдување престанок на мандат на член на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев
2. Предлог-Решение за утврдување престанок на мандат на член на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев
3. Предлог-Решение за утврдување престанок на функцијата претседател на Советот на Општина Карпош
4. Предлог-Заклучок за усвојување од Извештај на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Карпош со Предлог за избор на Претседател на Советот на Општина Карпош.
5. Предлог-Решение за избор на Претседател на Советот на Општина Карпош.
Дневен ред за 50-та седница:
– Усвојување на Записникот од 48 седница на Советот на Општина Карпош
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Карпош со Предлог за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Карпош и Предлог за верификација на составот на комисиите за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања, комисијата за спорт и комисијата за урбанистичко планирање при Советот на Општина Карпош
2. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Карпош, врз основа на предлог од Општинската изборна комисија Карпош,
3. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и ченови на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања
4. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за урбанистичко планирање
5. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за спорт
6. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Аврам Писевски“, Општина Карпош-Скопје
7. Предлог-Одлука за определување на спортски стипендии за талентирани спортисти – ученици од општинските основни училишта од подрачјето на Општина Карпош, за учебната 2020/2021 година
8. Предлог-Одлука за определување на стипендии за талентирани ученици од подрачјето на Општина Карпош за учебната 2020/2021 година
9. Предлог-Одлука за категоризација и класификација на објектите за спорт од локално значење во сопственост на Општина Карпош
10. Предлог-Одлука за одобрување на средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи
11. Предлог-Одлука за прецизирање на Одлуката за одобрување средства на лица со попреченост од подрачјето на Општина Карпош по повод 3-ти декември – Денот на лицата со попреченост
12. Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Карпош во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)
13. Предлог-Одлука за намера за поднесување на концептна нота на Општина Карпош во рамки на проектот ЕУ за општините – Подобрување на општинските услуги преку иновативен концепт.