Денеска, ( 16.04.2020), четврток, со почеток во 12:00 часот, во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ ( ул. Радика бр.9), ќе се одржи триесет и осмата седница на Советот на Општина Карпош. На истата, членовите на Советот ќе расправаат по следниве точки од дневниот ред:

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-Одлука за работа на Советот на Општина Карпош за време на вонредна состојба;
2. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2020 година;
3. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;
4. Предлог-Одлука за давање согласност за поднесување барање за промена на договорните услови за исплата на долгорочен кредит до Комецијална банка АД Скопје;
5. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Карпош;
6. Предлог-Одлука за давање на согласност за времено отстапување на користење движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Карпош на Полициска станица од општа надлежност Карпош;
7. Предлог-Заклучок за усвојување информација за ограничување на правото на исплата на паричните надоместоци-паушали на претседателот на советот и членовите на Советот на Општина Карпош;

8. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на булевар Партизански одреди бр,127, влез 1;
9. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на булевар Партизански одреди бр,127, влез 2;
10. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на булевар Партизански одреди бр,127, влез 3;
11. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на булевар Партизански одреди бр,127, влез 4;
12. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на булевар Партизански одреди бр,109, влез 2;
13. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на улица Вич 22, низ 3, влез 3;
14. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на улица Струма бр,1;
15. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на Шекспирова бр.1, влез 3;
16. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на улица Разловечко востание бр.18;
17. Предлог-Одлука за определување на финансиска помош за санација на дел од оштетен кров на улица Разловечко востание, бр,4, влез 7 и
18. Предлог-Одлука за определување финансиски средства за реализација на соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба предизвиката со Коронавирусот Covid-19.