Се свикува 14. седница на Советот на Општина Карпош за 11 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 08.30 часот.

За седницата се предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД

–           Усвојување записник од 13. седница

  1. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година;
  2. Предлог–Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2026 година
  3. Предлог–Одлука за утврдување правила при спроведување на параметри во рамки  на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план
  4. ПредлогОдлука за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник;
  1. Предлог-Одлука за начинот и условите за давање на користење училишен простор, училишни кујни, трпезарии и подвижни ствари во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош и овластување за нивно располагање
  2. Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејствата на загинатите лица во сообраќајната несреќа на скопската обиколница;
  3. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје;

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).

          Телефон за контакт – 070/410-631