Се свикува 10. седница на Советот на Општина Карпош за 10 март 2026 година
(вторник), со почеток во 09.00 часот.

За седницата се предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД

– Усвојување записник од 9. седница

1. Предлог-Годишен извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година и Годишна сметка на Буџетот на Општина Карпош за 2025
година;
2. Предлог-Завршна сметка на буџетот на Општина Карпош за 2025 година;
3. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година
4. Предлог-Одлука за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник;
5. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа
општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје;
6. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства како финансиска помош за лекување во странство
7. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства како финансиска помош за лекување во странство
8. Предлог-Одлука за давање согласност за користење на Сала повеќенаменска – дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ –
Партизан, Скопје;
9. Предлог-Одлука за давање согласност за користење на Мала сала – дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје;
10. Предлог-Одлука за давање согласност за користење на хол за пинг понг – дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
11. Предлог-Одлука за формирање Локален Совет за превенција на Општина Карпош
12. Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за заловување на кучиња на територија на
Општина Карпош;

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).
Телефон за контакт – 070/410-631