ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- јануари 31, 2025
- 0
Се свикува шеесет и првата седница на Советот на Општина Карпош за 07 февруари 2025 година (петок), со почеток во 09.00 часот.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.660/5 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.646/40 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.1972/2, КП 1968/5 и КП 1972/9 КО Нерези во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.1132/2, КП 1132/4-дел и КП 3384-дел КО Нерези во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување надоместок за градежно земјиште за населените места на подрачјето на Општина Карпош бр.07–2823/4 од 28.04.2010 година
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување надоместок за градежно земјиште за населените места на подрачјето на Општина Карпош, вон границите на ГУП на Град Скопје број 09-3848/5 од 10.05.2022 година
- Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на нови градежни парцели од ГП 05.01 од ДУП населба Злокуќани опфат “А” со намена В2 – здравство, КО Злокуќани, Општина Карпош, поднесено од БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
- Предлог – Одлука за расходување на средствата на опремата и ситниот инвентар по извршениот попис за 2024 година
- Предлог – Одлука за симнување од сметководствената евиденција на вонбилансни ставки
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2024 година до 31.12.2024 година
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за опожарен дуќан – опожарени стоки (текстил)