Во петок (15.12.2023) со почеток во 09.00 часот ќе се одржи триесет и седмата седница на Советот на Општина Карпош.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот                                                                             

ДНЕВЕН РЕД

 

  • Предлог-Записник од 33та седница на Советот на Општина Карпош
  • Предлог-Записник од 34та седница на Советот на Општина Карпош
  • Предлог-Записник од 35та седница на Советот на Општина Карпош
  • Предлог-Записник од 36та седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог-Програма за урбанистичко планирање за 2024 година
  2. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетската ефикасност за 2024 година;
  3. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на развојот на општината за 2024 година;
  4. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2024 година;
  5. Предлог-Програма за изградба, редовно и инвестиционо одржување и зимско одржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2024 година;
  6. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2024 година;
  7. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2024 година;
  8. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2024 година;
  9. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2024 година;
  10. Предлог-Програма за активностите во областа на заштита и спасување на граѓани и материјални добра за 2024 година;
  11. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на информатичката технологија за 2024 година;
  12. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на месна самоуправа за 2024 година;
  13. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2024 година;
  14. Предлог-Програма за одбележување на 48 годишнината на Општина Карпош во 2024 година;
  15. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош на Одделението за односи со јавност за 2024 година;
  16. Предлог-Програма за уривање на објекти кои се бесправно изградени на територија на Општина Карпош и асистенција за 2024 година
  17. Предлог-Буџет на Општина Карпош за 2024 година;
  18. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година;
  19. Предлог-Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2024 година
  20. Предлог-Одлука за вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2024 година;
  21. Предлог-Буџетски календар за 2024 година,
  22. Предлог-Одлука за давање согласност за закуп на магацински простор Лапласт, за 2024 година
  23. Предлог-Одлука за давање согласност за закуп на деловен простор на улица „Копенхагенска“бр.5, ЗЕЛС, Општина Карпош-Скопје, за 2024 година
  24. Предлог-Одлука за давање согласност за закуп на деловен простор на улица „Букурешка“ бр. 2 ,Општина Карпош-Скопје, за 2024 година
  25. Предлог-Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош за 2024 година
  26. Предлог-Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи  на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош за 2024 година
  27. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на заслужен граѓанин за 2024 година
  28. Предлог-Решение за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош во Комисијата за доделување на еднократна парична помош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2024 година
  29. Предлог-Решение именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош во Комисија за доделување на финансиска поддршка на проекти од областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2024 година
  30. Предлог-Решение за именување-верификација членови на Советот на Општина Карпош за членови во Комисијата за Карпошово културно лето 2024, Еднократна финансиска поддршка за културни активности и Финансиска поддршка за проекти од културата за 2024 година
  31. Предлог-Решение за именување – верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош за членови во Комисијата за Стипендии за талентирани спортисти, жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение, Еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација и Финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош за 2024 година
  32. Предлог-Решение за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош во Комисијата за активности на Општина Карпош од областа на образованието за 2024 година
  33. Предлог-Решение за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош во Комисијата за активности на Општина Карпош од областа на образованието за награда за најдобро уреден ЕКО училишен двор/катче за 2024 година
  34. Предлог-Решение за именување на претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 20234 година
  35. Предлог-Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација за јавните установи општински детски градинки за подрачјето на Општина Карпош за 2024 година и
  36. Предлог-Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за 2024 година.