ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ ДУП З 06, БЛОК 06
- јули 10, 2023
- 0
Општина Карпош ги информира граѓаните дека презема активности за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог – Детален урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок 06. Притоа, во просториите на Општината (ул. Радика бр. 9), повторната Јавната анкета ќе биде отворена за жителите на Карпош во периодот од 11.07.2023 до 17.07.2023 година, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.
Повторната Јавна презентација пак, ќе се одржи во среда (12.07.2023) со почеток во 13:00 часот, исто така во просториите на локалната самоуправа.
Инаку, планскиот опфат кој е предмет на уредување со овој Детален урбанистички план, зафаќа површина од 2.48 ха и неговата местоположба е дефинирана во рамките на следните граници:
- на север со улицата „Прашка“,
- на исток со улицата „6“,
- на југ со транзитна магистрала, булевар „Македонија“,
- на запад улица „7“.
Анкетните листови за учество на повторната Јавна анкета ќе бидат изложени во просториите на Општина Карпош. Оттука, во определениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот, можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.
Деталите за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок 06, Општина Карпош, ќе бидат објавени на општинската веб страница www.karpos.gov.mk во делот на огласната табла.