ПОВИК ЗА УПИС ВО РЕГИСТАР НА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
- април 8, 2025
- 0
За упис во регистарот на правни субјекти покрај „Барањето за упис во регистарот на субјекти кои вршат угостителска дејност“ треба да бидат приложени и следните документи:
-пријава до Државниот пазарен инспекторат за исполнети минимално – технички услов
-доказ за сопственост доколку се работи за физички лица кои вршат угостителски услуги за сместување во куќи, апартмани и соби
-доказ за сопственост, или доказ за правото на користење, доколку се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани
-доказ за платена административна такса во износ од 50 денари
За упис во регистарот на физички лица покрај „Барањето за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност“ да се приложат следните документи:
-доказ за платена административна такса од 50 денари
-доказ за сопственост.
Напомена: Куќите, апартманите и собите за одмор во кои се вршат угостителски услуги на сместување се категоризираат од страна на општината, а во градот Скопје од страна на градоначалникот на Град Скопје.
Правниот субјект или физичкото лице исто така треба да поднесат „Пријава за утврдување на часот на отпочнувањето на работното време и распоредот на работното време“.
Документите се доставуваат во Архивата на Општина Карпош со назнака „За упис во регистар“.
За повеќе информации можете да се обратите на телефон:
Марко Петрушевски 078 486 063
Или на емаил: [email protected].