ПОВИК ДО МЛАДИТЕ – АКТИВИРАЈ СЕ – КАРПОШ Е ВАШ!
- ноември 22, 2019
- 0
Општина Карпош е дел од проектот „Град – пријател на младите“, спроведуван од Младински сојуз – Крушево, а поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.
Целта на проектот е да вклучи млади луѓе од повеќе општини, кои ќе развијат вештини и ќе ги оценат локалните младински политики. Младите ќе имаат можност да поминат низ процес на обука, да научат што значи општина, град која е отворена и достапна за младите, а во втората фаза ќе можат директно до соработуваат со Општина Карпош и да ја оценуваат нејзината работа во сферата на младинските политики.
Ги повикуваме сите младиод Карпош, од 16 до 29 години да се пријават. Во рамки на повикот и апликацијата се достапни повеќе информации.
Линк до повикот: https://bit.ly/2ObqIWK
Линк до апликацијата: https://bit.ly/2OdVz5b