ПЕТ МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ ОД КАРПОШ
- мај 2, 2017
- 0
На меѓународниот турнир „Џудо за мир“ во Пеќ, Косово, македонските џудисти од клубот Иппон од Карпош се претставија во одлично светло. Карпошаните Резар Хусени и Ветон Ајдинов во категоријата кадети до 60 кг, освоија бронзен медал, додека Ангел Ангелов во категоријта кадети до 66 кг го освои сребрениот медал.
Румејса Фејзула го освои златниот медал, во пионерки во 53 кг, додека Резарт Хусеин го освои златниот медал во категоријата сениори до 60 кг.Тренерот на џудо клубот Горан Мицкоски изрази големо задоволство од учеството на џудо претставниците, истакнувајќи дека постојано напредуваат и постигнуваат се подобри резултати. На овој меѓународен турнир учествуваа џудо репрезенти од осум земји и тоа: Англија, Австрија, Романија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.