Во просториите на општина Карпош, во четвртокот (17.06.2021 година), се одржа втората седница на Партиципативното тело од областа на урбанизмот. Станува збор за посебно – формирано тело, согласно Законот за урбанистичко планирање, во кое членуваат претставници на граѓани од урбаните заедници, здруженија на граѓани (О2 Иницијатива), како и стручни лица – архитекти и членови на Комисијата за урбанизам на општина Карпош.

 

Претседател на ова тело е професорот од Архитектонски факултет, Влатко П. Коробар.

Осовната цел на Партиципативното тело е да овозможи поголемо граѓанско учество во процесот на донесување на деталните урбанистички планови, како и да се зголеми транспарентноста на целиот овој процес.

 

На изминативе две седници беа разгледани повеќе плански програми. Овие документи се однесуваат на планскиот опфат на ДУП-от, неговите општи намени и законската регулатива по која ќе се работи.

 

Партиципативното тело ги разгледа:

 

  • Планска Програма за изработка на Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ01, Блок 06, Општина карпош Скопје, изработен од Тајфа Архитекти Дооел увоз-извоз Куманово;
  • Планска Програма за изработка на Детален урбанистички план за Градска четврт Ј03, Блок Ј 03.11, Општина карпош Скопје, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје
  • Планска Програма за изработка на Детален урбанистички план за Градска четврт Ј03, Блок Ј 03.09, Општина карпош Скопје, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје
  • Планска Програма за изработка на Детален урбанистички план за Градска четврт З06, Блок 03, Општина карпош Скопје, изработен од Тајфа Архитекти Дооел увоз-извоз Куманово;
  • Планска Програма за изработка на Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 26, Блок СЗ 26.02, Општина карпош Скопје, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје;
  • Планска документција за изработка на Детален урбанистички план Градска четврт З 04, БлокЗ 04.05, Општина Карпош, Скопје, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.