„ПАНДЕМИСКИ МАСКЕМБАЛ“ ВО КАРПОШ
- април 1, 2021
- 0
Дури ни лошата пандемија од Ковид 19 не ги спречи најмладите сепак да го одбележат Денот на шегата 1 Април.
Почитувајќи го „стариот протокол“ , но со нови и бујни идеи и креации, најмалите ученици во основните училишта во Карпош (оние кои физички ја следат наставата), се потрудија да внесат малку повеќе веселост во овој единствен пролетен ден.
По некоја Похаконтас, принцеза од бајките, јапонска гејша, црвенкапа, но најчесто докторка или медицинска сестра,оние кои се сега најактуелни и најсакани, ги зашаренија и разубавија училишните дворови. Не изостанаа ни лутите пирати, ниту морнарите, супеерхероиите од „Војна на ѕвездите“ страшните јунаци Бетмен, Супермен и Капетан Америка, зајче-безопавче или дивото зајче со питоми уши, смешниот кловн, боцкаво еже, рајска птица и што уште не.
Оние што не дојдоа на денешниот „пандемиски маскембал“ во школскиот двор, не ги мрзеше да направат и еден сајбер маскембал, па преку зоом платформата и тие да направат голема забава полна со првопарилски шеги.