Учениците од ООУ „ Јан Амос Коменски“ се новите кошаркарски шампиони во училишните спортски лиги во Општина Карпош. Во финалето, пред голем број публика во малата сала во С.Ц „ Борис Трајковски“  тие ги совладаа своите врсници од ООУ „ Владо Тасевски“ со резултат 37-25. Третото место им припадна на кошаркарите од Петар Поп Арсов. Пехарите и медалите на победничките екипи им ги додели претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј  Манолев, честитајќи им го постигнатиот успех.

 

Најдобар стрелец на овогодинешните спортски лиги во кошарка е Мартин Оровчанец од „ Јан Амос Коменски“, додека најдобар играч е прогласен Никола Арсов од „ Владо Тасевски“. За најталентиран играч на првенството , признанието отиде кај Петар Костов од „ Петар Поп Арсов“.