Со вкупен резултат од 2:0 во сетови ( 25:22; 25:15),  во финалниот натпревар одигран во малата сала на Спортскиот центар „ Борис Трајковски“, одбојкарките од ООУ  „ Петар Поп Арсов“ ги  победија основките од ООУ „ Владо Тасевски“ во големото  финале, и со тоа станаа  овогодинешни одбојкарски  шампионки во општинските училишни лиги.

 

 Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев,  им го подели победничкиот пехар на шампионките, и медалите  и дипломите на останатите најдобропласирани екипи. Најкорисен играч во оваа натпреварувачка сезона е Николина Наумова од „ Петар Поп Арсов“, а најталентирана одбојкарка е Ивона Бошковска од „Владо Тасевски“. Најдобар играч  за оваа година е  одбојкарката Ива Чадиковска од „ Владо Тасевски“.  Бронзениот медал  го освоија одбојкарките од „Димо Хаџи  Димов“.