ОСМА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- април 19, 2022
- 0
Утре среда (20 април 2022 ) ќе се одржи осмата седница на Советот на Општина Карпош со почеток во 11 часот.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Кинотеката на РСМ.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записник од седма седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на Општина Карпош за 2022 година
- Предлог-Програма за енергетска ефикасност на Општина Карпош 2022-2024, со тригодишен акциски план,
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на развојот за 2022 година
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2022 година
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување надомест за градежно земјани работи при изведба на прекопи за подземни инсталации
- Предлог-Одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација на ГП25 од ДУП за Градска четврт З 03, опфат помеѓу бул. Партизански Одреди, корито на р. Вардар, бул. Македонија и ул. Московска, во КО Карпош – Општина Карпош, постапка бр. 39683 во системот е-урбанизам, со тех. бр. 90/21-У од Април 2022, поднесено од страна на Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје
- Предлог-Одлука за констатирана потреба од корекции поради кои Предлог-Деталниот урбанистички план Ј 02, Градска четврт Ј 02, опфат помеѓу Жданец и Нерези, локалитет А, Б и В, Општина Карпош (со плански период 2016-2021) не е усвоен од Советот на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за констатирана потреба од корекции поради кои Предлог-Деталниот урбанистички план за градска четврт Ј 04, Општина Карпош (плански период 2014-2019) не е усвоен од Советот на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправен објект на КП бр.646/26, КО Долно Водно
- Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправен објект на КП бр.362/1 и КП бр.362/2, КО Бардовци
- Предлог-Иницијатива за започнување соработка врз основа на Предлог-Проектот „Крематориум за миленици“, доставена од Ненад Димитријевиќ жител на Општина Карпош и сопстевник на проектот
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на реони на градинките на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на реони на основните училишта на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за прифаќање меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје во рамките на меѓуопштинската соработка помеѓу градот Скопје и општините во Градот Скопје (Ѓорче Петров, Карпош, Центар Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари) за реконструкција и хортикултурно уредување на јавни зелени површини
- Предлог-Одлука за давање согласност за распишување Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади на Општина Карпош
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за прописи
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Аврам Писевски“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Братство“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Aнтовски Мирослав
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Здружение на граѓани за нови уметности, технологија и екологија 3.14 БРОКУЛИ
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Ленче Милошевска
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на АКУД Мирче Ацев
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутот на приватна установа за деца-детска градинка „Мара Бубамара Скопје“ во Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутот на приватна установа за деца-детска градинка „Светот на Колорес“ во Скопје