Традиционално, како и секое лето, втората половина на месец август е резервирана за летно културно освежување. Десетото јубилејно  „Културно лето Карпош 2017“ и овојпат ќе понуди разновидна културно – уметничка програма за карпошани.
Жителите на Општина Карпош, ќе можат да уживаат во концертите на наши музички ѕвезди,  културно-уметнички друштва, ликовни изложби. Петнаесет дена, секоја вечер љубителите на различни музички жанрови како џез, поп, етно и народна музика, како и класика, ќе можат да присуствуваат и да уживаат во звуците и изведбата на наши пејачи и музички групи. 
    На 15-ти август стартуваме со Игор Џамбазов и Гуру Харе со концерт – Нашиот Карпош, а во текот на трите недели ќе можеме да ги слушнеме и видиме повеќето од нашите естрадни уметници како Тамара Тодевска, групата „Трио Џенталмен“, групите „Серенада“, „Молика“ и „Монистра“. Исто така ќе имаме вечер за помалите жители на Карпош со пеачките Мартија, Мина, Благица и Магдалена, како и вечер за љубителите на станд ап-от со Срѓан Јовановиќ, Мариана Аранѓеловиќ и Ивана Наскова. Љубителите на сликарството и фотографијата ќе можат да уживаат скоро секоја вечер на некоја од изложбите во присуство на музика, а ќе има и посебен ден на ликовен симпозиум.
    Карпошовото културно лето е веќе препознатлив и своевиден бренд, кој секое лето им овозможува на карпошани од сите возрасти и сите населби на Општината, во пријатна и релаксирана атмосфера, да доживеат една поинаква културна манифестација, токму во нивното место на живеење.
Културната манифестација не ги заборава ниту најмалите жители на локалната самоуправа, бидејќи секоја година има и музичка или културно – уметничка програма токму и за нив.    
    Почитувачите на добриот хумор, ќе можат да се насмеат и расположат на  „стенд ап“ комедии  на познати комичари. Повеќе од две седмици, карпошани ќе уживаат во музичките перформанси, културно – уметничките изведби, ликовни презентации, како разнообразност во понудата, за да се задоволи сечиј вкус, на секој кој ќе биде дел и од оваа незаборавна летна културна манифестација.
Централна локација на која ќе се одвива Карпошовото културно лето ќе биде платото во TЦ „Лептокарија“.      

 

Програмата може да ја погледнете на следниот линк:
https://www.dropbox.com/s/975dijjhc6sn4px/poster%20B2.pdf?dl=0