ОПШТИНА ЦЕНТАР ВОЗНЕМИРУВА ВО КАРПОШ!?
- септември 3, 2016
- 0
Денеска граѓани на Општина Карпош кои живеат на улицата Орце Николов останаа видно вознемирени од потегот на Општина Центар.
Имено, возило на пајак службата на Општина Центар почна да ги подигнува возилата на карпошани од улицата Орце Николов. Откако видоа граѓаните што всушност се случува им се спротиставија на возачите и на придружбата и откако им се заканија дека ќе ги фотографираат и ќе ги објават за социјалните мрежи за нивното незаконито постапување , тие се повлекоа.
Општина Карпош побара официјално објаснување од Општина Центар од каде ингеренции да праќа пајак служба во општина врз која нема никакви ингеренции, односно на туѓа територија, и притоа да ги вознемирува граѓаните на Карпош