ОПШТИНА КАРПОШ СО ПРИЗНАНИЕ ЗА „БЛИНК 42-21“
- октомври 29, 2019
- 0
Мзаедница препознаена како добро дигитално решение
Во рамки на Деновите на Општина Карпош, денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев му додели признание на Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“, кои во Карпош препознаа партнер и ја имплементираа оваа мобилна апликација.
Повеќе од половина година, граѓаните на Карпош преку мобилната апликација „мЗаедница“ пријавуваат проблеми, даваат предлози, сугестии и иницијативи со кои треба да се унапреди квалитетот на животот во локалната самоуправа.. Оваа интерактивна апликација е достапна за уредите на IOS и Android, а „мЗаедница“ ја доби и Европската награда за млади во категоријата „Активно граѓанство како дигитално решение со влијание врз општеството“.
Богоев со претставниците од „Блинк 42 – 21“, Зорица Велковска и Милан Танчески, разговараше за дополнително унапредување на оваа апликација и нејзино прилагодување кон потребите на заеднициата и информатичката технологија.
Се дискутираше и за поголема соработка во доменот на правилно и паметно користење на технологијата. Примарната цел е овие дигитални алатки да овозможат подобри услуги за граѓаните, детектирање на проблеми и креирање на системски решенија.
Претставниците од „Блинк 42 – 21’ ќе учествуваат на доделувањето на Европската награда за млади, за „мЗаедница“, од 27 – ми ноември до 1 – ви декември, во Грац, Австрија.
Сите граѓани на Карпош можат да ја симнат мобилната апликација од следните линкови:
App Store: https://apple.co/2SbERqJ;
Google Play: https://goo.gl/Y9qhpE