Одржувањето на јавната чистота и хигиената во Општина Карпош е една од приоритетните активности кои редовно и интензивно се реализираат. Во таа насока, службите кои се одговорни за одржување на хигиената во локалната самоуправа, константно се на терен.

Во тек е редовното одржување на блоковското зеленило, подигнување на комуналниот смет, како и чистењето на улиците на локациите кај Веро 2, урбана заедница Владо Тасевски, Тафталиџе 2 и населбата Бардовци.