Се спроведува шестата дезинфекција на влезните делови од згради, сандачиња, гелендер и лифтови, од комуналните служби на Општина Карпош.

 

Етапно, се работи во сите урбани заедници каде што има згради со повеќе од осум домаќинства. Општина Карпош во изминатиот период, интензивно  ги дезинфицираше градинките и основните училишта кои се наоѓаат на нејзината територија, како и  паркингот пред болницата „ 8 Септември“. Дезинфекција се направи и  околу зеленото пазарче „ Тафталиџе“, како и на платото на „ Млечен“,  и „Лептокарија“,  и на пофрекфентните улици во скоро сите населени места. Локалната самоуправа постојано го следи развојот со најновите случувања околу пандемијата со Корона вирусот кај нас, и правовремено презема мерки за заштита  од истиот.

 

Градоначалникот Стефан Богоев, кој воедно го предводи и Општинскиот кризен штаб, изминатиот викенд направи обиколка низ населбите во Општината, Пожарната бригада, и останатите маалски дежурни продавници.

 

Првиот човек на Општина Карпош, ги повикува граѓаните да ги почитуваат предвидените мерки, и да се придржуваат до истите, се со цел, што побрзо да се справиме со оваа криза, и да го нормализираме нашето секојдневие и  функционирање.