ОПШТИНА КАРПОШ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ГО ОДБЕЛЕЖАА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ХОЛОКАУСТОТ
- јануари 30, 2023
- 0
Со организирање на заедничка еколошка акција, Општина Карпош и Американската амбасада, денеска го одбележаа Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27-ми јануари. Во рамки на овој настан, присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, Амбасадорката на Американската амбасада во Скопје, Ангела Агелер и заменик шефот на мисијата, Ерик Маер.
Имено, вработените од локалната самоуправа задолжени за одржување на јавната чистота, заедно со вработените од Американската амбасада, одржаа акција за чистење на плоштадот во населбата Бардовци. Во оваа пригода, беа отстранети и недоличните графити од ѕидовите со антисемитска содржина.