Општина Карпош, со свој претставник од Секторот за екологија и енергетска ефикасност, учествуваше на состанокот на Меѓународното Советодавно Тело на проектот ТРАНСИТ кој се одржа минатата недела во Ниш, Србија.Состанокот беше организиран во рамки на Меѓународната конференција за информации, комуникации, енергетски системи и технологии (ICEST Conference) на Електротехничкиот факултет во Ниш.

На настанот се разменија искуства, знаење и добри практики како вредни и барани инпути за развој на одржливи програми за обука и доусовршување во примена на различни технологии на обновливи извори на енергија и гориво.

Проектот ТРАНСИТ (TRANSITion to sustainable future through training and education – TRANSIT)има за целда обезбеди одржливи програми за обука и доусовршување за сегашните и идните генерации преку мултидисциплинарен пристап во обновлива енергија и енергетска ефикасност.Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата за истражување и иновации ХОРИЗОН 2020. Се спроведува во 8 Европски земји, и тоа:Англија, Шпанија, Малта, Кипар, Хрватска, Црна Гора, Србија и Северна Македонија, прекупретставници од универзитетите, индустријата, училиштата и локалните заедници. Во нашата земја проектот се спроведува од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Општина Карпош даде поддршка и активно учество во имплементација на проектните активности како дел од Меѓународното Советодавно Тело на проектот.