ОПШТИНА КАРПОШ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ФРАНЦИЈА
- февруари 2, 2017
- 0
Делегација од Општина Карпош предводена од советникот за соработка со меѓународни и невладини организации, Роберт Јанковски, е во работна посета на збратимената општина Флери Сур Орн.
Во рамки на посетата, делегацијата присуствуваше на големиот ИТ настан „Национален ден за интернет градови и села“ каде што беше презентирана општина Карпош и нејзиниот развој во областа на информатичките технологии.
Во тек на посетата делегацијата оствари средба со градоначалникот на Флери Сур Орн, Марк Ле Креф и секретарот за Информатика во владата на Република Франција, Жан Винсент Пласе, каде што се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете општини како и развојот на информатичката технологија.
Во знак на успешната соработка на Флеру Сур Орн со општина Карпош и напредокот во развојот на дигиталните технологии, нашата братска општина го доби признанието „Ознака за интернет град“. Во рамки на посетата се остварија и средби помеѓу советниците Тања Ристевска и Игорче Кузманоски од општина Карпош и членовите на советот на Флери Сур Орн каде што главен мотив беше унапредувањето на соработката преку проекти од областа на младите, спортот и културата. Работни средби оствари и Миле Мирчевски од одделението за спорт со своите колеги од братската општина при што беа договорени повеќе спортски настани кои треба да бидат дел од понатамошната соработка.