Октомври е месец на розовите панделки и месец посветен на борбата против рак на дојката. Розовата пандела која е симбол на подигнување на свеста за ракот на дојката датира од 1985 година кога за прв пат е спроведена кампања за подигање на свеста од страна на American Cancer Society и Imperial Chemical Industries.

Од тогаш наваму, секоја година во месец октомври, ширум светот се одржуваат разни кампањи, иницијативи и активности кои пред се имаат за цел да ги поттикнат сите жени да направат рутински прегледи и препознавање на симптомите на ракот на дојката.

Општина Карпош дава целосна поддршка за подигање на свеста за почести прегледи кај женскиот пол. Да обрнеме внимание на следниве симптоми: – грутка или оток во дојката, горниот дел на градите или под пазувите; – промена на кожата, како вдлабнатини или собирање; – промена на бојата на дојката; – промена на брадавицата, на пример, кога таа се вовлекува; – осип, кора или промени околу областа на брадавицата; – каков било необичен течен исцедок од брадавиците; – промени во големината или обликот на дојката; – болка во дојките во текот на целото или поголемиот дел од времето.

Информирај се!

Направи проверка!

За секоја промена задолжително консултирај лекар!

 

Виолета Михајловска 

Координатор за еднакви можности на жените и мажите при Општина Карпош