Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“. Имено, службите ги подигнаа изгорените делови и мебел од домаќинството, кои настрадаа на првиот ден од 2021 година.

 

Исто така, прeку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош стапи во контакт со претставници од засегнатото семејство и притоа ги информираше за потребните документи кои треба да ги приложат, за да добијат финансиска поддршка.

 

Во рамки на можностите и врз основа на доставената документација, локалната самоуправа ќе обезбеди финансиски средства за надоместување на штетата.

 

Општина Карпош продолжува да помага на граѓаните и семејства кои се погодени од природни или друг тип на непогоди.