ОПШТИНАТА КАРПОШ ДЕНЕС РАБОТИ СКРАТЕНО ДО 14 ЧАСОТ
- март 16, 2020
- 0
Службите во Општина Карпош денеска, 16 март 2020 г. , ќе работат со скратено работно време, поточно до 14 часот.
Оваа одлука е донесена согласно препораките на надлежните државни институции за справување со ширењето на коронавирусот.
Општината и натаму ќе ги следи насоките на Владата на Република Северна Македонија и ќе постапува според нив. За секој следен чекор на превентивни и заштитни мерки, локалната власт благовремено ќе ги известува жителите на Карпош, но и сите граѓани преку своите канали на комуникација.
Ги повикуваме граѓаните, максимално да се придружуваат до мерките. Да избегнуваат присуство во поголеми групи, затворени простории, редовно да ги мијат и дезинфицираат рацете и точно да се информираат за актуелните состојби преку www.zdravstvo.gov.mk и www.karpos.gov.mk .