ОПШТИНАТА ГИ ИСПЛАЌА ПАРИЧНИТЕ СРЕДСТВА НА КАРПОШАНИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОКРИВИ И САНАЦИЈА НА ЛИФТОВИ
- јули 15, 2024
- 0
Седумчлена комисија од Општина Карпош која е задолжена за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на покриви на станбени згради и замена на азбестни покриви на куќи, деновиве се состана и ги разгледуваше пристигнатите предмети од граѓаните кои аплицирале за добивање на субвенции за оваа намена. Исто така, членовите на комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиски средства за поправка и санација на постоечки и поставување на нови лифтови во станбените згради, ги разгледуваше пристигнатите предмети од карпошани.
Во таа насока, откако беше утврдено дека документацијата на граѓаните кои аплицирале за субвенции е уредна и целосна, Општина Карпош им исплати парични средства на карпошани во висина од 1.326.199 денари, за промена на азбестните покриви на шест индивидуални куќи, како и кровни покривачи на две станбени згради.
Според динамиката на работење на комисијата, во постапка на разгледување се уште осум предмети на потенцијалните корисници на субвенции, за кои се предвидени 1.291.214 денари.
По поднесување на финансискиот извештај за субвенции на лифтови од страна на надлежната комисија, Општина Карпош ќе им исплати на граѓаните кои аплицирале на овој јавен повик, парични средства во висина од 477.605 денари за санација на два лифта во колективни згради кои се наоѓаат на ул. „Јуриј Гагарин„ и ул. „Вич“.
Комисијата е во постапка на разгледување на уште девет предмети кои се однесуваат на санација на седум постоечки лифтови, како и набавка на два нови лифта, за што локалната самоуправа предвидува парични средства во висина од 3.175.908 денари.
Во прилог на оваа информација ги објавуваме и табеларните прикази на исплатените предмети по основ, субвенции за замена на азбестни покриви на индивидуални куќи и промена на кровни покривачи на колективни станбени згради:
1 | Предмет
11-1691
|
ул.Мраморец | Индивидуална куќа-С.П. | Исплатен
120.000 |
|
2 | 11-1896
|
ул.Мраморец | Индивидуална куќа-К.Ѓ. | Исплатен
120.000 |
|
3 | 11-1968
|
ул.Кленоец | Индивидуална куќа-И.К. | Исплатен
120.000 |
|
4 | 11-2082
|
ул.Јуриј Гагарин | Индивидуална куќа – Н. Ц. | Исплатен
120.000 |
|
5 | 11-2174
|
ул. Јуриј Гагарин | Индивидуална куќа – Љ. Т. | Исплатен
99.756 |
|
6 | 11-2331
|
ул. Теодосиј Синаитски | Индивидуална куќа – М.А. | Исплатен
120.000 |
|
7 | 11-2668
|
ул. Никола Русински | Управител Тау Цети | Исплатен
274.350 |
|
8 | 11-2667
|
ул. Никола Русински | Управител Тау Цети | Исплатен
274.350 |
|
Вкупна сума 1.326,199 денари |
како и субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош:
1 | Предмет
11-2828 |
Ул.Јуриј Гагарин | Сити Хаусинг Дооел | Вкупна сума
134.225 |
Санација на лифт | |
2 | Предмет
11-2622 |
Ул.Вич | Хаус Мулти сервис Скопје | Вкупна сума
343.380 |
Санација на лифт | |
Вкупна сума 477.605 денари | ||||||
Одделение за односи со јавноста