ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ СО НАЈУБАВ ЕКО-ДВОР
- јуни 4, 2026
- 0
Во рамки на Програмата за образование на Општина Карпош, по шести пат, се реализираше натпревар меѓу општинските основни училишта за избор на најубав училишен еко-двор.
Оваа активност има за цел да ги мотивира учениците, родителите и наставниците за подигање на свеста и грижата за екологијата и животната средина.
Првото место го освоија учениците од ООУ „Лазо Трповски“ кои добија награда од 70.000 денари.
Второто место и наградата од 50.000 денари ја поделија ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“
Третата награда од 30.000 денари им припадна на учениците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“
Општина Карпош и понатаму ќе вложува во активности кои ја поттикнуваат еколошката свест и создавањето на подобри услови за учење и развој на учениците.









