ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ ВО МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ ЗА БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ И ЗАШТИТА НА ВИДОВИТЕ
- март 6, 2019
- 0
Проектот на учениците од 5б одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје „Загрозени видови птици во нашата околина“, координиран од тројца наставници во својство на ментори, Елена Угриноска, Даниела Радевска и Стефан Симовски станaа дел од глобалната акција за заштита на биолошката разновидност на видовите со седиште во Хамбург, Германија. Еко-проектот учесниците од ООУ „Лазо Трповски“ го реализираа во соработка со Природонаучниот музеј во Скопје.
Организатор на оваа глобална акциска мрежа се германската секција на ГЕО и еколошката фондација Хајнц Зилман. Оваа меѓународна и пред се глобална акција за заштита на видовите традиционално се организира секоја година по повод Светскиот ден на заштитата на видовите. Годинава учествуваат околу 15 000 учесници од Европа со околу 600 проекти. Главната задача на учесниците во овој глобален проект е колку што е можно подетално да ја проучат биолошката разновидност и потребата од заштита на видовите во своето опкружување и да ја документираат со цел да дадат автентични информации за фактичката состојба. Целосно изготвениот проект на германски јазик претходно мора да биде прифатен и одобрен од страна на организаторот.