Основците од „Димо Хаџи Димов“ и основките од „Петар Поп Арсов“ се екипни победници на тенискиот турнир за основни училишта од Општина Карпош, кој се одржа од 20-ти до 25-ти април годинава.  Во машка конкуренција, второто место и припадна на екипата од ООУ „Петар Поп Арсов“, додека, кај девојчињата, екипата од ООУ „Војдан Чернодрински“ заслужено ја обезбеди втората позиција.

 

Традиционалниот училишен тениски турнир се одржа по трет пат, на тврда подлога на тениските терени „Павел Шатев“ (кај вештачката карпа) во организација на Т.К. „Фан Тенис“, под покровителство на Општина Карпош. На турнирот учествуваа седум општински училишта, како  и приватното училиште „Јахја Кемал“, кое се наоѓа на територија на локалната самоуправа.

 

Во поединечна конкуренција кај девојчињата, првото место го  освои Миа Спасовска, второто, Сара Гилеска, а третата позиција и припадна на Јована Лалиевска. Кај момчињата, најуспешен беше Александар Казлевски, среброто му припадна на Срѓан Спасеновски, а како третопласиран заврши Дарко Колевски. За нај фер-плеј екипа во рамките на тенискиот турнир, беше прогласено училиштето „Јахја Кемал“.