По натпреварувањата во првиот дел од есенска сезона на кошаркарската училишна лига во Карпош во која учествуваа десет тимови од сите основни училишта од подрачјето на локалната самоуправа, кошаркарите на ООУ „Владо Тасевски“ завршија на врвот од табелата како апсолутни победници.Во вкупно седум одиграни натпревари, тие извојуваа шест победи  и со тоа заслужено го освоија првото место во есенскиот дел од училишната кошаркарска лига на Карпош за 2022/2023 година.

 

Со вкупно постигнати 142 кошеви во досегашниот дел од сезоната, моментално најдобар стрелец е Жарко Терзиевски од ООУ „Владо Тасевски“.

За подетални информации за резултатите кликнете на следниов линк https://bit.ly/3hxDv6X